Припадници на затворската полиција од Идризово знаеле за фамозниот тунел за бегство?!

Се истражува дали затворски службеници биле вклучени во планот за организирано бегство низ тунел кој го копале затвореници од КПУ Идризово.
Како што објави „Фокус“ претходно тунелот почнувал од место кое затворениците го користеле за шетање, поради што постои сомнеж дека припадници на затворската полиција знаеле за тоа.
-Доколку се утврди дека некој директно учествувал во таа работа ќе мора да одговараат, без разлика дали се работи за осудени или вработени кои го помогнале тоа – рече директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ.
Во таа насока, денеска беше разрешен директорот на затворот Идризово, Шпенд Тахири. Владата го разреши Тахири без најава и без објаснување. Премиерот, Димитар Ковачевски, не појасни зошто Тахири се разрешува и одби да коментира дали е тоа поврзано со денешното откривање на тунелот. На место на Тахири, за нов в.д. директор на најголемиот затвор во државата е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски експерт прашува: Ѝ подготвува ли САД…
Западот подготвува државен удар во Грузија со…
Ќе влеземе заедно? Мишел: Украина може да…
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави…
Рама: Конфликтите во Косово се од интерес…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави за британскиот…
Спасовски: Мицкоски не знае како е да…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва…
(Видео) Димовска и Трајковски пукаа шампањ кога…
Кога почна бомбардирањето на Белград од страна…