Пристигна и првата официјална реакција – Гувернеката Бежоска предупреди: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

t

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како економии со висок степен на интегрираност во светската трговија. На настанот, воведно излагање имаше Пјеро Чиполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според процените на ЕЦБ, доколку САД воведат царини од 25% на увозот од Европа, би се намалил растот на европската економија за околу 0,3 до 0,5 п.п. на краток рок. Доколку Европската Унија (ЕУ) исто така воведе царини, инфлацијата во еврозоната би се зголемила за околу 0,5 п.п. Со оглед на високиот степен на трговија со ЕУ, можни се преносни ефекти и во регионот.

За намалување на овие ризици, од особена важност е водењето претпазливи макроекономски политики и засилувањето на структурните реформи со кои економиите од регионот би ја зголемиле својата отпорност на надворешните шокови и би ја забрзале доходовната конвергенција.

На регионалната средба се разговараше и за важноста на реформите во сферата на прекуграничните плаќања за поттикнување на трговијата, вклучително и на регионалната трговија и економскиот раст. Во нашиот регион, токму членството во СЕПА би придонесло за брз и ефикасен платежен систем со помали трошоци, зголемувајќи ја конкурентноста на нашата економија.

На гувернерската тркалезна маса, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваа и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, в.д. гувернерот на Банката на Словенија, Примож Доленц, гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирена Радовиќ и гувернерката на Централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна и првата официјална реакција – Гувернеката…

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше…

Трендафилов: Пратениците кукаат дека било тешко да…

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија…

Белата куќа потврди, Маск ја нпушта администрацијата…

-Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп…

Додик откри: Вучиќ ми се јави, Интерпол…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти…

Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе…