Објавено на:

Притвор за 22-годишен кумановец поради дрога

t

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на три различни локации во Куманово, неовластено заради продажба на марихуана, како и психотропни супстанци метамфетамин и амфетамин.

Во две куќи на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово кои ги користел и во гаража во селото Тромеѓа, полицијата пронашла вкупно 856,6 грама марихуана во различни пакувања, семки од растението канабис, 0,48 грама амфетамин, три таблети метафетамин, мешавина оо кофеин и парацетамол, дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор кон осомниченото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…