Пријава за стружанец кој украл „голф“ во Скопје

t

Струшката полиција на 4 јануари извршила службен разговор со 20-годишниот Р. Р. од овој град за кого бил објавен централен распис поради сомнение дека на 22 декември во Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“.

Автомобилот со скопска регистрација бил во сопственост на извесен Н. Б. (33) од селото Крушопек.

Во полициската станица 20-годишникот го признал делото, а возилото му било одземено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во Пошта – Центар Жупа украл…

МВР информира дека ОВР Дебар поднесе кривична…

Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика…

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Жена нападната во Чаир од сопругот, свекрвата…

Денеска (06.11.2023) во 01.00 часот во СВР…

Хорор во Германија: 14-годишник избоде и уби…

Седумгодишно момче почина откако наводно било избодено…