Проблеми со корупција, лоши услови во затворите, закани кон новинари: Стејт департаментот го објави извештајот за човекови права во Македонија

t

Случаи на несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство, нотира американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Македонија за 2021 година. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција.

Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.


Стејт департментот истакнува и дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

Народниот правобранител, стои во Извештајот, „веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото”.

Националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, и известува во Министерството за внатрешни работи. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили. Припадниците на безбедносните сили извршиле некои злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, се вели во извештајот.

Во однос на парламентарните избори кои се одржаа во 2020, Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни” и покрај, како што се наведува, ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата

Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата Ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба, стои во извештајот на Стејт депратментот на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Aпасиев: Еден момент ни промакна во пцостите…

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица вели дека…

Дојави за бомби во основни и средни…

Утрово во неколку училишта на територијата на…

Во Хондурас е уапсена Херлинда Бобадила шефица…

Властите во Хондурас ја уапсија Херлинда Бобадила,…

Британски доброволец во Украина: Тоа беше самоубиствена…

Новинарот на Телеграф разговарал со британски платеник…