Продолжува растот на вредноста на рубљата во однос на доларот и еврото

t

Рубљата забележително расте на почетокот на тргувањето, игнорирајќи ги вестите за санкциите од ЕУ: доларот падна под 61 рубља, еврото се тргува по 63 рубљи, следува од динамиката на тргување на Московската берза.


Курсот на доларот со порамнувања во 10.08 часот по московско време е намален за 1,44 рубљи, на 60,81 рубљи, еврото губи 1,51 рубља, на 62,74 рубљи.
Во првите минути доларот падна на 60,5 рубли, еврото – на 62,18 рубли.

По резултатите од првиот ден од самитот во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа политички договор за воведување делумно нафтено ембарго против Руската Федерација, што ќе влијае на испораките на нафта по море. Нафтата што доаѓа преку гасоводот нема да биде вклучена во новиот пакет санкции. Според шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на 2022 година ЕУ ќе одбие речиси 90 отсто од увозот на руска нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централната банка на Русија почнува со етапно…

Централната банка на Русија откри дека започнала…

Првпат во историјата: Кинескиот јуан го надмина…

За прв пат во историјата: Кинескиот јуан…

Благ пад на вредноста на доларот и…

Доларот падна втор ден по ред, a…

Курсна листа на НБРМ: Видете колку чинат…

Според средната курсна листа на Народната банка,…

Русите задоволни: Еврото падна под 57 рубљи

Рубљата продолжува да зајакнува во однос на…