Променливо облачно и студено време

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремени и со умерен интензитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена облачност, во…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Седете дома и читајте Инфомакс: Студено време…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Временска прогноза за цел април: Ни доаѓа…
Времето утре ќе биде променливо облачно со…