Објавено на:

Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица

t

Ноќта 16.06./17.06.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода.

Имено, кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството не открива имиња, но соопшти број…

Четири денови по најголемата трагедија во поновата…

Во Турција уапсени 37 лица поради објави…

Триеесет и седум лица се приведени во…

Редици и во Србија за донирање на…

Голем број српски граѓани се одзвале на…

Тиквеш го повлече дресот со број 16…

Од редовите на фудбалскиот клуб Тиквеш информираа…

Изгоре покрив на поранешна касарна во Куманово

Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти…