Пронајдено мртво тело на мигрант во езерото во Речица

Тело на машко лице, мигрант било пронајдено во водите на езерото во кумановското село Речица, соопшти денеска СВР Куманово.
На телото немало траги на насилство.
-Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во село Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребно претпријатие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мигрант загинал од струен удар на покрив…
Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот…
ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – 27 годишно момче…
На 26.08.2023 околу 13,30 часот во СВР…
Си ја бара бељата: Истиот мигрант по…
Шведската агенција за миграција покрена истрага против…
Мигрант преживеа струен удар на железничка станица…
На 16.08.2023 во 10:20 часот во Полициската…
Хорор во Грција: Пронајдено тело на маж,…
Мумифицирано тело денеска е пронајдено во Патра,…