Пропадна уште еден проект на Мета

t

Минатата година на интернет се проширија неофицијални фотографии од паметниот часовник на Мета. Тоа само по себе не би било вест, доколку острото око на јавноста не забележи дека на часовникот нема една, туку две камери.

Колку и да звучи корисно на прв поглед, способноста да фотографирате без да го извадите паметниот телефон од џебот или чантата, за некои покрена проблеми со приватноста. Затоа што, да бидеме реални, може да се создадат фотографии таму каде што не би смеело да се фотографира.


Но, изгледа дека овој часовник нема да ја доживее својата премиера, барем засега. А дали тоа некогаш ќе се случи е голем знак прашалник.

Според Блумберг, Мета одлучила да ја прекине понатамошната работа на овој производ. Наводно, на ова влијаел токму фактот дека на часовиникот биле предвидени две камери – предната (5MP) и незгодно поставена задната (12MP).

Блумберг наведува дека Мета сакала да користи електромиографија за да ги претвори електричните импулси од нервите во дигитални команди (и да ги користи за контрола на видео игрите или виртуелниот свет). Но, се чини дека е потешко да се направи отколку што мислеле, па се откажале од проектот.

Така, часовникот на Мета се приклучува на низата неуспешни хардверски проекти на Фејсбук (сега на Мета). Дали некој воошто се сеќава на паметен телефон на Фејсбук?

Во Блумберг, пак, посочуваат дека милионите вложени во часовникот на Мета можеби нема да одат залудно. Имено, тие наводно сè уште работат на уред за носење кој би бил еден вид контролер за проширена реалност, а би имал некои од технологиите кои биле развиени за часовникот.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропадна уште еден проект на Мета

Минатата година на интернет се проширија неофицијални…

Мета додава нов таб за повици во…

Компанијата Мета посочува дека бројот на повици…

Мета потврди: Ќе се дозволува говор на…

Мета ги приспособи своите насоки за говорот…

Зукерберг тргна по комунизмот: Вработените ќе ги…

Шефот на Мета, Марк Цукерберг, им кажа…

Како Фејсбук го сруши волстрит? Берзите во…

Технолошкиот сектор силно порасна во последниве години…