Протести во Албанија: Се бара поефтинување на цените на горивата

Голем број граѓани присуствуваа на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата.
Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.
-Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот, кој мина мирно.
Меѓу учесниците беше и комичарот Флор Бинај кој во рака држеше фотографии на премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со напишани нивни изјави со кои иронизира со нив: Јас не сум изгубил ниту едни избори- вели Баша а Рама вели :Јас не сум зголемил ниту еден данок.
Иронизираа и со изјава на министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балку која „ги посоветувала граѓаните да одат пеш или да користат велосипеди”.
Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат…
Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди…
Албанија се попривлечна дестинација, за два месеца…
Туристичкиот сектор во Албанија и годинава стартуваше…
Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
Кос: Албанија е остров на стабилност на…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…