Професорката Данева удри по комисијата за историја со Бугарија: Се срамам од вашиот молк, да имавте една изјава со која ќе го заштитевте националното достоинство

Бугарскиот историчар Димитров за нивните национални медиуми изјавува дека во време на “комунистичката власт во Македонија немало историска наука”, дека подигањето на ветото од Бугарија за почеток на преговори била само наша пуста желба и најважно од се, го оспорува континуитетот на Македонската православна црква.
Еден, ама еден коментар на овие теми да чуевме од вас, македонските членови во мешовитата историска комисија? Барем една изјава со која ќе го заштите, прво, сопственото достоинство како научници (белким сте учеле од учебници и предавања на професори кои твореле и во претходното општествено уредување за кое Димитров вели сме немале историска наука) и второ, нашето колективно, национално достоинство така што ќе гукнете и ќе го одбраните и континуитетот на историската научна мисла во Македонија, но и континуитетот на нашата МПЦ!
Мене некако ми е срам од вас, а и ме револтира вашиов полтронски молк повеќе отколку националистичките изјави на бугарските историчари за нивните медиуми.
Доколку Владата писмено ви гарантира дека ќе продолжите да ги земате вашите месечни паушали се до конечно завршување на спорот (што и да значи тоа), дали тогаш може да не удостоите со по некоја јавна изјава во насока на зачувување на нашата национална историја и национален идентитет?
Фејсбук статус на професорката Ана Павлова Данева
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно апсење на дилери: Полицијата уапси повеќе…
На 25.03.2023 во 00.00 часот на подрачје…
ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите…
Демократската Унија за Интеграција ја повикува опозицијата…
Загина руски музичар кој го критикуваше Путин,…
Основачот на поп групата, чија песна стана…
По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати,…
По ковид пандемијата зголемен е бројот на…
Грујичиќ: Во 1999 година се водеше нуклеарна…
Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави…