Објавено на:

Професорка на Тетовскиот универзитет му се заканлувала на студент заради коментари на Фејсбук

t

Студентите од Факултетот за уметности при Државниот универзитетот во Тетово денеска одржаа протест – реагираат на наводните закани што професорка ги упатила кон студент. Бараат професорката да сноси одговорност, посочувајќи дека го прекршила членот 320 од Статутот на Универзитетот, пишува порталот Љајме.

-Има многу генерации што го преживеале истото со уцени и закани од страна на професорката Бесијана Мемеди. Ние решивме да не трпиме повеќе и да реагираме. Затоа бараме од Универзитетот во Тетово денеска да преземе адекватни мерки кон професорката заради нејзиното нееетичко однесување. Закани, психична тортура и насилство, систематски булизам се редовни на секое предавање. На последното предавање се закани дека ќе фати студент за врат затоа што реагирал на статус на Фејсбук, изјави Арди Лена од групата на студенти.

Деканот на Факултетот за уметности, Нафи Јашари, вели дека за случајот е поведена соодветна постапка.

-Имаме реакција на студенти кои бараат и не се задоволни од однесување на професорка. Овој случај е во дисциплинската комисија која досега ги слушнала и едната и другата страна и во понеделник ќе се донесе одлука, изјави Јашари.

Студентите рекоа дека во изминатите недели ја бојкотирале наставата кај професорката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот избувна од дефибрилатор, не од продолжен…

Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во…

Драма во Тетово: Маж и жена физички…

„На 29.07.2022 во 12.45 часот во СВР…

Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж…

Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник…

Пожарите не стивнуваат: Моментално гори во Струмица…

Во земјава активни се два пожара, меѓу…