Објавено на:

Професорот Димитров: “Александрополис” е економски неисплатлив и неоправдан од безбедносни за Македонија

t

Професорот Константин Димитров вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека проект за станицата за втечнување на природен гас во грчкиот град Александрополис, во кој учествува и Македонија, е „економски неоправдан од безбедносни причини“ и „проблематичен“.

„Македонија може да продолжи да се снабдува со гас од Русија. Втората врска, вториот потенцијален снабдувач со природен гас е цевководот ТАП од каде што истотака низ цевководот доаѓа гасот од Каспиското Море. И претходната и оваа влада имаат потпишано меморандуми за да можат да купуваат определена количина на гас што ѝ е потребна на Македонија“, рече Димитров.

Спротивно на оваа изјава, поранешниот советник за енергетика во кабинетот на Зоран Заев, Митко Андреевски, во рече дека проектот е започнат во 2013 и покрај многу дебати дали е потребен, се одлучило дека е потребен.

„Од 24 февруари годинава на сите ни стана јасно за каков проект станува збор и какво е неговото знаечење. Најголемите скептици во изминативе девет години, разбраа дека тој нуди сигурност и безбедност во снабдувањето со енергенси“, рече Андреевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Димитров: “Александрополис” е економски неисплатлив и…

Професорот Константин Димитров вечерва во емисијата „24 анализа“ рече…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…

Moeто пpeдупредување стана реалност: Си ги ослабнавме…

Поранешниот вицепремиер за евронитеграции, Никола Димитров изрази…