Професор на богословиe: Во пописот има статистичка грешка од 250 илјади христијани!

t

Најголемата потешкотија при изведувањето на еден факултетски испит не се погрешните одговори на студентите, туку – погрешните прашања на професорите. Истото правило важи и кога се изведува – попис.

Што е спорното? Ако меѓу опциите се набројани сите присутни христијански вероисповеди (православни, католици, протестанти, адвентисти, баптисти, евангелисти, евангелисти-методисти, реформисти, јеховини сведоци и евангелско-протестантски христијанин), тогаш погреншно е да стои општото име „христијанин“ како опција. Едноставно, доколку се постапи така се мешаат вероисповеданијата и религиите. Тоа предизвикува забуна – затоа што луѓе мислат дека треба да се наведе општата религиска припадност, а не конкретното вероисповедание. Исто така, опцијата „христијанин“ не соодветствува на списокот на регистрирани верски заедници – бидејќи не постои верска заедница или религиозна група регистрирана под такво име.

Како би можело правилно да се формулира прашањето? Има три опции:
1. Припадност кон религија (христијанство, ислам, јудаизам, хиндуизам, будизам итн.), без опција за вероисповед. Ваквата опција е правилна, но не дава комплетна статистичка информација;
2. Припадност кон вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам, харе-кришна итн.);
3. Припадност кон регистрирана верска заедница или религиозна група (како што стојат во регистарот на КОВЗРГ).

Го имам предвид можниот приговор дека има луѓе што се сметаат дека се христијани, но не се чувствуваат како припадници на конкретна вероисповед. Некој ќе рече дека точката „христијани“ се однесува на нив и дека не е погрешно. Напротив, погрешно е, и тоа по две основи. Прво, чисто логички не може општ назив да служи како определба на некоја посебна карактеристика. Неприпадноста кон вероисповед е посебна карактеристика и не може да се изрази преку општото име. Второ, неприпадноста кон вероисповед како конкретна определба треба се дефинира јасно и недвосмислено со формулација од типот „неконфесионален христијанин“, или описно како „христијанин кој не се идентификува со некоја вероисповед“.

Со овој пропуст се јавува статистичка грешка од 242 579 граѓани односно неверојатни 13,4% од вкупниот број попишани граѓани или приближно 22% од вкупниот број попишани припадници на христијанската религија. Грешка од ваков размер не може да се оправда по ниту една основа, пишува на Фејсбук професорот на богословскиот факултет Св. Климент Охридски – Скопје, Милан Ѓорѓевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се пишманија: Нема да ја прогласат…

САД нема да ја прогласат Русија како…

Минималната плата во Бугарија се зголемува на…

И семејствата со деца од второ, трето…

(Видео) Фуркан “го пошљака” Тупанчески: На влезот…

Новинарот Фуркан Салиу денеска од министерот за…

51-годишен кичевчанец тепал и ѝ се заканувал…

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево,…

Исмаил: Штајнмајер има функција за шетање по…

Портпаролот на Левица, Реџеп Исламил, на Фејсбук…