ПРОФЕСОР ПАНОВ: „Тенденцијата е македонскиот народ да остане без свои херои, а придавката македонски да се поврзува со Бугарите“

t

Тенденцијата е македонскиот народ да остане без свои македонски национални херои, а идентитетската придавка македонски да се поврзе исклучиво со „Бугарите“, добивајќи во историски контекст исклучиво значење на „македонски Бугари“. Воскреснувањето на личности ги симболизираат големобугарските агенди и фашистичкото. Холокаустот е моќна историска порака, која предупредува за да не се повтори, вели за емисијата „Трилинг“ професорот Митко Панов од Институтот за национална историја, истражувач на Самоиловото царство.

Според него кога велите „посвојување“ на личностите, претпоставувам ги имате предвид најновите политички тенденции на Бугарија и Грција, на што сме сведоци последните пет години, манифестирани преку експлоатирањето на договорите со Р. Македонија во функција на обезбедување историска ексклузивност на „сопственоста“ на културно-историското наследство на Македонија.

– Само еден поглед на билатералниот протокол со Бугарија oд јули годинава, јасно покажува како историјата е третирана од политиката, односно како комисијата политички се легитимира како орудие на Софија за присвојување на македонската историја, вели тој.

Додава дека самото прифаќање на концептот „заедничка историја“, кој произлегува од интерпертацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, ја прави работата на комисијата научно невалидна, бидејќи однапред политички ја предодредува „бугарската“ историска карактеризација на личностите од Македонија и нивната соодветна контекстуализација во современието.

– Притоа, досегашната селекција на личностите евидентно се прави исклучиво врз основа на поврзаноста со Македонија, а препораките се ставаат во функција на потврдување на едностраниот бугарски поглед на историјата на Македонија, што преку „заедничката историја“ треба да резултира со историска „бугаризација“ на македонскиот народ и на културно-историското наследство на Р. Македонија., истакна Панов.

Панов не се согласува дека ова ќе биде почеток на заедничко читање на средновековието со Бугарија преку променетите учебници, бидејќи комисиските интерпретации преточени во препораките, се сведуваат на еднострано прифаќање на бугарскиот национален наратив. Тоа во крајна линија, преку промената на историскиот наратив во учебниците, треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство…

Обвинетиот Велибор Манев, преку својот адвокат Горан…

Бехтел и Енка со ВМРО ќе чини…

Ќе платат ли граѓаните речиси 4 милијарди…

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука,…

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере…

(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…

Македонија се соочува со најголемата измама и…

Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…