Пруси: Жално е што во 21-от век членка на ЕУ го негира јазикот и самобитноста на македонскиот нaрод

t

Азбуката не само што го карактеризира јазикот на еден народ, туку истовремено претставува и прозорец или врата од која понатаму почнува образованието и развојот на тој народ.

Образованието на мајчин јазик, докажано е од еминентни експерти, секогаш дава многу подобри резултати. Жално е што во 21-от век од земја членка на ЕУ се негира јазикот и самобитноста на еден народ – македонскиот народ.

Ова, меѓу другото, го истакна претседателот на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, Абдурауф Пруси на свеченоста во Собранието по повод врачувањето на ова високо државно признание на годинашниот добитник проф. д-р Зеќирја Незири.

– Денеска е голем ден за сите Албанци, каде и да се. Албанците во Македонија имаат посебна причина да се гордеат на овој датум поради фактот што Конгресот се одржа на овој ден 1908 година во Битола и веќе долги години се одбележува, нагласи Пруси, кој му ја врачи наградата на Незири за неговиот долгогодишен придонес во сферата на албанологијата.

Тој на свеченоста, во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери, семејството, пријатели, соработници и други гости, се осврна и на оспорувањата на македонскиот јазик и идентитет од страна на Бугарија.

– Како сожители на оваа држава, Албанците, и интелектуалците и политичките партии било од позиција или од опозиција, секогаш биле и се поддршка на македонскиот народ и верувам дека ќе се спротивстават на сите оние кои сакаат да ја негираат нивната самобитност, порача Пруси во обраќањето.

Добитникот на наградата албанологот проф. др. Незири се заблагодари за наградата со која како што рече се вреднува неговата 40-годишна воспитно-образовна и научна дејност.

– Оваа висока државна награда ме мотивира и ме обврзува мојот труд да продолжи се додека ме служи здравјето. Се надевам дека оваа награда ќе ја добијат и многу други дејци во Македонија и надвор од неа и кои навистина ја заслужуваат, рече Незири кому прв наградата му ја честита претсетдалеот на Парламентот, Џафери.

Проф. др. Незири е роден 1952 година во село Бучане, Бујановац. Универзитетските студии по албански јазик и книжевност ги завршил на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ на УКИМ во Скопје, а магистерските и докторските студии на Универзитетот во Загреб. Од октомври 1977 година до крајот на септември 2019 година, кога се пензионира, е професор по албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје. Во неговата богата научна дејност има објавено над 160 научни трудови за историјата на албанската книжевност, како и наколку монографии за албанската литература, а автор е и на неколку универзитетски учебници.

Државната награда „22 Ноември“ се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…