Пукање во Чаир! Едно лице заврши во болница

t

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол.

– Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАЈНОВА ВЕСТ: Специјалци на улиците во Чаир…

Голема полициска акција е во тек вечерва…

(Видео) Не е Арачиново туку Чаир: Кабли…

Извадени кабли од секаде, нешто слично на…

Хаос на македонските улици: Дете прегазено во…

Вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во скопската…