Пукање во Чаир: Скопјанец ги нападнал полицајците со огнено оружје

Околу 19.45 часот вчера пријавено е дека полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада” во Скопје запрел возило „митцубиши” кое имало вклучено т.н. флешери.
Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…
Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…
Делови од 6 скопски општини утре без…
Без електрична енергија утре ќе останат делови…
Спасовски апелира: Граѓаните да се воздржат од…
Веселбите, за дел граѓаните се мотив да…
Пукање во Студенчани: Оштетен е автомобил
На 20.06.2022 во 21:00 часот во Полициската…
Нова трагедија во САД: Тројца убиени, 11…
Три лица загинаа, а 11 се повредени…