Пукање во Чаир: Скопјанец ги нападнал полицајците со огнено оружје

Околу 19.45 часот вчера пријавено е дека полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада” во Скопје запрел возило „митцубиши” кое имало вклучено т.н. флешери.
Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Не е Украина туку Бутел: Рафали…
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации дека…
Пукање во Кочани: Маж заврши во болница…
На 02.08.2022 околу 03:20 часот во ОВР…
(Видео) Налик на предвоена состојба: Ново пукање…
Ново пукање во Косово, сега во Брњак!…
Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж…
Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник…
Пукање во угостителски објект во Скопје
На 24.07.2022 околу 20.30 часот во СВР…