Објавено на:

Пукање на косовско-српската граница: Нападната косовската полиција

t

Косовската полиција е нападната денеска на пладне со огнено оружје, додека пуштала патролен чамец во езерото Газивода (Ујман) на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, имало околу десет истрели од огнено оружје, при што нема повредени полицајци или други лица.

– Пукотниците беа една по друга, дојдоа од другата страна на езерото и куршумите паднаа во близина на полицискиот чамец, се вели во соопштението на единицата на Полициската станица за надзор на границата.

Веднаш по инцидентот, на местото на настанот пристигнала Единицата за брза интервенција на граничната полиција, а моментно продолжува надзорот на терернот и истрагата за случајот.

– Косовската полиција останува посветена на пружањето безбедност за граѓаните и на борбата против криминалот, посебно во сузбивањето на нелегалната трговија во таа област, се вели во соопштението.

Нападите врз полицијата во северно Косово, во близина на границата со Србија, зачестија во последните неколку месеци.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава драма: Со секира си ја убил…

Тешко убиство се случило во Приштина во…

(Видео) ХАОС во Србија – Мигранти пукале…

По дојава дека мигранти пукаат меѓу себе…

Курти: Албанците историски се народ од ослободителен…

Во Амбасадата на Албанија во Приштина, по…

Драма во Косово по договорот со Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама застана во одбрана…

(Фото) Ковачевски вчера вечер навиваше за Србија

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа објави дека навивал…