Путин: ЕУ ќе претрпи загуби од 400 милијарди долари

Рускиот претседател, Владимир Путин процени дека ЕУ ќе претрпи загуби од најмалку 400 милијарди долари поради санкциите што ги воведе кон Русија. Тој уште еднаш ја отфрли одговорноста за глобалниот економски пад, наведувајќи наместо тоа дека инфлацијата, енергетските трошоци и кризата со храна се поврзани со политиките на Западот.
Путин предвиде дека недостигот на ѓубрива може да ги зголеми цените на храната уште повеќе, додавајќи дека Русија би можела да го зголеми својот извоз на ѓубрива и жито. Тој исто така тврди дека „мрачните прогнози“ за состојбата на руската економија не се оствариле и дека неговата влада успешно го запрела растот на домашната инфлација. „По врвот од 17,8 отсто, инфлацијата сега е на 16,7 отсто и продолжува да опаѓа“, рече тој, истакнувајќи дека јавните финансии се стабилни, а властите преземаат мерки за дополнително заладување на економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…
На маргините на 30. Министерски совет на…
Унгарија не поддржува почеток на преговори за…
Унгарија нема да го поддржи предлогот на…
Дачиќ: Да не ни се држат лекции…
Замолувам да не ни се држат лекции…
Невработеноста во Русија достигна историски минимум
Бројот на невработени лица падна под 3%…
(Фото) Лавров на средби со значајни дипломати…
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација,…