Објавено на:

Путин издаде наредба: Опколете го Aзовстал, мува да не прелета

t

Рускиот претседател Путин решил дека е нецелисходно да влегува „во катакомбите“ на челичарата „Азовстал“ во Мариупол, која е последно упориште на украинските бунтовници од Азов. Тој на министерот за одбрана му рекол да го откаже нападот, а наместо тоа да ја опколи фабриката за „мува да не прелета“ чекајќи борците сами да се предадат, пишува Нова.

Оваа руска тактика потсетува на борбата за Сталинград во Втората светска војна кога Црвената армија ги остави Германците опколени без храна и муниција.


– Предложената окупација на индустриската зона ја сметам за несоодветна. Ти наредувам да откажеш – му рекол Путин на Шојгу.

Да – одговорил Шојгу.

– Тоа е случај кога треба да размислуваме – односно секогаш мораме да размислуваме, но во овој случај уште повеќе – за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се качувате во овие катакомби и да ползите под земја низ овие индустриски капацитети – објаснил претседателот и додал:

– Блокирајте ја оваа индустриска зона за мува да не прелета.

– Да – потврдил Шојгу.

– Уште еднаш повикајте ги сите оние кои сѐ уште не го положиле оружјето да го сторат тоа. Руската страна им гарантира живот и достоинствен третман во согласност со релевантните меѓународни правни акти. Секој што е повреден ќе добие квалификувана медицинска нега – дециден бил претседателот.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Мариупол паднал во руски раце. Според него, во времето кога градот бил опколен, бројот на припадниците на украинската војска и странските платеници бил околу 8.100 луѓе.

Шојгу го нарече Мариупол престолнина на екстремистичкиот „Азов“. Околу 2.000 екстремисти остануваат во фабриката Азовстал. Досега се предале 1.478 припадници на баталјонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Путин им се обрати на матурантите: Поставете…

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…