Путин и Лукашенко зборувале за сојуз со Северна Кореја!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со својот сојузник, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој навести дека Минск би можел да се приклучи на напорите на Москва за заживување на стариот сојуз со Пјонгјанг по овонеделната средба меѓу Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Овој предлог Лукашенко го дал за време на состанокот со Путин во црноморското одморалиште Сочи, каде што рускиот претседател рече дека ќе го информира за разговорите што ги одржал со Ким во средата на космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток.
-Би сакал да ве информирам за разговорот за ситуацијата во регионот, кој беше доста значаен, како и да го допреме најгорливото прашање, ситуацијата во Украина, изјави Путин на почетокот на средбата со Лукашенка.
Лукашенко одговори велејќи дека тие можат да размислуваат за трилатерална соработка и рече дека верува оти може да се најде нешто на што Белорусија ќе работи.
Ким Џонг Ун денеска ја продолжи посетата на Русија со обиколка на фабрика за авиони во регионот Амур за да ги види најновите руски борбени авиони. Планирано е тој утре да пристигне во руското пристаниште Владивосток и да ги посети руската пацифичка флота и Универзитетот.
Средбата на Путин со Лукашенко е нивна седма оваа година. Лукашенко, кој се потпираше на руските субвенции и политичката поддршка за да владее со Белорусија со цврста рака речиси три децении, му дозволи на Кремљ да ја користи белоруската територија за испраќање војници во Украина во февруари лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…
Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…
Путин: Раководството во Киев „полуде“
Прогонувањето на Русите од страна на украинските…
Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…
Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…
Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…
Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…
Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…