Објавено на:

Путин прати писмо со кое може да предизвика нов меѓународен судир

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин, преку писмо пратено до премиерот на Израел, Нафтали бенет побара црквата „Александар Невски“ во ерусалимскиот Стар град веднаш да премине во руска сопственост.

На Путин, наводно, тоа му го ветил претходниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Но, инсистирањето на Путин сопствеништвото да почне веднаш може да поттикне не само дипломатски судир меѓу Израел и Русија, туку и критики од мешународната заедница, наведуваат денеска израелските медиуми.


Во неделата, амбасадорот на Израел во москва, Александар Бен Цвиј го повика министерството за надворешни работи на Русија да ги објасни неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Жаир Лапид, по гласањето во Обединетите нации за суспендирање на Русија во Советот за човекови права.

Како што оценува руското министерство, „тоа било лошо прикриен обид да се искористи ситуацијата во Украина за да се сврти внимание на меѓународната заедница од еден од најстарите нерешени судири, израелско-палестинскиот“.

Црквата „Александар Невски“, позната и како катедрала на Светото тројство, е вреден имот на Руската православна црква во Ерусалим и се наоѓа во средиштето на христијанскиот кварт.

За тоа свето место се пишуваше во 2019 година кога Израелката Наама Исахар беше во затвор во Москва поради поседување канабис на руска територија.

За да ја ослободат, Нетанјаху му ја ветил на Путин црквата „Александар Невски“, која де факто е во сопственост на Русија од 1890 година, а порано Отоманската империја полагала право на аџилак.

Познато е дека тогаш црквата ѝ припаѓала на Руската империја, поради тоа Москва во 2017 година бараше Израел да ѝ ја признае сопственоста.

Нетанјаху во 2020 година одлучи спорот околу сопственоста да се стави во категоријата „свети места“ и дека затоа не може да се реши на суд.

Потоа ја регистрира Владата на Русија како сопственик, но администрацијата на Бенет таа одлука ја врати на Врховен суд, кој сѐ уште конечно не се изјаснил.

Во 2021 година основана е комисија да одлучи за сопственоста, но уште не се состанала.

Нетрпението на Русија изби на видело и за писмото кое Путин му го пратил на Бенет, јавноста ја информира поранешниот премиер на Русија Сергеј Степашин, претседавајќи со Здружението за руски имот на Блискиот исток.

Степашин при посетата на Израел ја критикуваше земјата за спорот околу црквата поради војната во Украина.

„Сега се бориме да го вратиме комплексот и тоа многу тешко, речиси сме таму, работевме пет години, ги најдовме сите историски документи, но се случи ситуацијата во Украина и Израел се однесува како што се однесува често, игра со двете страни, игра пинг понг со сите“, рече рускиот функционер.

Коментаторот Алекс Танзер тврди дека војната во Украина и санкциите на Западот го претвориле спорот околу црквата од мал во меѓународен, и дека трансферот на црквата во руски раце може да доведе до дипломатски последици за Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил…

Напаѓачот од Тексас кој усмрти 19 деца…

Засилени контроли: Само вчера, 144 казни во…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: 11 новороденчиња изгореа во пожар…

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го…

Делови од повеќе скопски општини денеска без…

Од ЕВН известуваат дека поради технички зафати…