Путин: Русија наскоро би можела да создаде вакцина против рак

Русија наскоро би можела да создаде вакцина против рак, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Блиску сме до создавање вакцина против рак и имуномодулаторни лекови од новата генерација. Се надевам дека тие наскоро ефективно ќе се користат како методи на индивидуална терапија“, рече Путин на пленарната сесија на Форумот за идни технологии.
Како што додаде, во 2023 година ќе бидат регистрирани 530 руски лекови развиени од водечките научници во земјата. Благодарение на нивните напори, за прв пат започна производството на бројна руска опрема што се користи во кардиоваскуларната хирургија, ревматологија, рехабилитација и други области.
Путин истакна дека руската наука и медицина мора да бидат суверени за да бидат подготвени за сите предизвици.
„Имаме значајни достигнувања, но треба и да одиме понатаму, да ја продолжиме оваа работа и на квалитативно ново ниво, да ја зголемиме самодоволноста и да станеме глобални лидери во клучните области на развој на медицинските технологии, како и да бидеме подготвени за сите предизвици, вклучително и заканите од појава на нови глобални епидемии“, рече рускиот лидер.
Како што додаде тој, затоа земјата мора да има моќна суверена научна и технолошка база и инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…