Путин со контра санкции за САД: Какви економски мерки се предвидуваат?

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки против САД и земјите кои им се приклучија.
Мерките предвидуваат:
- Учесниците во странската економска активност се обврзани да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Правилото важи и за средствата кои се веќе акумулирани – тие мора да се продадат во рок од три дена;
- се забранува девизно работење со давање девизи од резиденти во корист на нерезиденти со договори за заем;
- резидентите повеќе нема да можат да плаќаат девизи на нивните сметки отворени во банки и организации во странство, како и да плаќаат пари без отворање банкарска сметка користејќи електронски платежни средства достапни за странските даватели на платежни услуги (се мисли на банките);
- Дополнително, јавните акционерски друштва ќе можат да ги откупат своите пласирани акции до 31 декември годинава (освен купување на пласирани акции со цел да се намали нивниот вкупен број) под одредени услови;
Овие мерки се применуваат со цел да се заштитат националните интереси на Русија.
Во меѓувреме, Британија воведе санкции против ВЕБ, Откритије и Совкомбанка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…