Путин: Украина во контраофанзивата загуби над 90.000 војници

Украина загуби повеќе од 90.000 војници од почетокот на нејзината контраофанзива на почетокот на јуни, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин, исто така, рече дека украинските сили изгубиле 557 тенкови и околу 1.900 оклопни возила во контраофанзивата. Овие тврдења не се независно потврдени.
Тој го изјави ова за време на говорот на состанокот на клубот Валдај во руското црноморско одморалиште Сочи. Тој повтори дека е „сигурен“ дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина, додавајќи дека нејзината мисија е да ја „денацифицираат“ Украина.
Рускиот претседател тврди дека инвазијата на Украина е „специјална воена операција“ чија цел е борба против нацистите во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Намерно не рекетиравте за Божиќ: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија…
Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто…
-И покрај сите изјави и притисоци од…
Пожари предизвикани од плинска боца и бојлер…
РЦУК додаваат дека на терен интервенирале пет…
Брнабиќ: Хрватска сака да го сруши Вучиќ,…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
МВР уапси лице барано со потерница
Денес во 06.05 часот, полициски службеници од…