Рабио поради својата мајка останува во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Адриен Рабио (27) нема да прејде во редовите на Манчестер јунајтед откако не ги договори личните услови со премиерлигашот, јавија денеска британските медиуми.
Челниците на Јувентус и Манчестер јунајтед претходно ја договорија висината на обесштетувањето за трансфер на Рабио, кое требаше да изнесува 17 милиони евра.
Меѓутоа, британските медиуми тврдат дека мајката на фудбалерот на Јувентус, Вероника Рабио, која е и негов личен менаџер, ги налутила челниците на Јунјатед, бидејќи за Адриен побарала годишна плата од десет милиони евра.
Рабио имаше голема желба да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, но раководството на Манчестер јунајтед не ги прифати условите на неговата мајка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…