Радев: Имаме некои разлики со Владата за позицијата кон Македонија

Одржувањето на добриот тон со владата зависи од решавањето на стратешките прашања за земјата, како она за Македонија, изјави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, цитиран од „ДИР“.
Имаме некои разлики и јас ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со владата – додаде претседателот.
Владата мора да работи на стратешки прашања за државата и да слуша што и кажуваат граѓаните, истакна уште Радев на средбата во Амбасадата на Република Бугарија во Берлин со претставници на бугарската заедница во Германија.
Шефот на државата е во посета на Сојузна Република Германија на покана на неговиот колега, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, со кого денеска треба да се сретне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демерџиев му кажал на Спасовски: Говорот на…
Република Македонија, односно Оливер Спасовски ветил дека…
Стотици животи на болните од рак зависат…
Акцелераторот за зрачење на болните од рак…
(Вознемирувачко видео) Шокатна снимка од Гостивар: Отруени…
На социјалните мрежи се шират шокантни виде…
Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник…
Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави…
ДС: Потребна е независна агенција за борба…
Лидерот на Демократски сојуз, Трајанов не се…