Радев: Нема ЕУ ако македонските Бугари ги нарекувате “малцинство”

t

Иако од претставниците на македонската влада постојано се уверува дека има напредок во преговорите и односите се подобруваат, денеска нови студени тонови пристигнаа од бугарскиот претседател Румен Радев. Тој порача дека очекува бугарската Влада строго да се придржува на Декларацијата на бугарското собрание во преговорите за решавање на отворени прашања со Македонија, кој како што истакна треба да се решат пред почеток на преговорите. Во спротивно рече тој, секоја отстапка ќе предизвика владина криза. Радев со најава за нова блокада кон Македонија, бара Бугарите кои живеат во земјава да не се нарекуваат малцинство.

Надворешно-политичките советници на премиерот во никој случај да не ги оквалификуваат македонските Бугари како малцинство. Тоа не соодветствува на реалноста на Уставот на нашиот сосед. Тоа може да создаде сериозни проблеми во нашите односи и да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република Македонија“, вели Румен Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ова го има: Откриена подземна лабораторија…

Во близина на селото Асеновец во Бугарија,…

Паника во Бугарија: Десетици дојави за бомби…

Десетици училишта во Софија, Варна и Бургас…

Бугарија за половина година ѝ дала на…

Софија му предаде на Киев оружје во…

Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…

Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…

“Врие од кодоши”: 48 кандидати за пратеници…

Со текот на времето се намалува бројот…