Објавено на:

Радев: Очекувам и владата и пратениците да не ја заборават својата огромна одговорност

t

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека ситуацијата во земјата бара политичките сили во парламентот да не дозволат противречностите меѓу нив да се исправат пред државните интереси.

Коментирајќи го развојот на политичката криза, тој истакна дека довербата во политичкиот систем во Бугарија сега ќе зависи од постапките на политичарите.

„Очекувам и владата и пратениците додека одлучуваат за сопствената политичка иднина, да не ја заборават својата голема одговорност кон граѓаните и ветувањата за справување со инфлацијата, социјалната и економската криза. Нивното однесување и дејствувањето по овие прашања не зависи само од довербата во сопствените политички формации, туку и од довербата во политичкиот систем во Бугарија во целина“, коментира шефот на државата.

Претходно денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска ја достави својата оставка, откако политичката партија Има таков народ (ИТН), на Слави Трифонов најави повлекување од владејачката коалиција во земјата.

Од партијата на Петков велат дека ќе обезбедат мнозинство.

Слави Трифонов на „Фејсбук“ напиша дека знае за пратеници од неговата партија кои ќе го поддржат Петков.

„Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група. И ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари и позиции“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И бугарското МНР ни го честиташе Илинден:…

Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите…

Бугарската Фондација “Македонија”: Можете да славите или…

Бугарската фондација во Македонија позната по нивните…

(Видео) Мицкоски го продаде кучата: Oдби да…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување…

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

Хаос во Бугарија: Силни експлозии во складишта…

Две експлозии се случија рано утринава по пожар во…