Објавено на:

Радев: Скопје не ја научи лекцијата, да не лобира во Брисел за да го скрие недостатокот на реформи

t

Претседателот на Бугарија, Румен Радев одговарајќи на новинарско прашање за односите со Македонија истакна дека Скопје не ја научило лекцијата од лани да не лобираат во земјите членки во ЕУ или во европските институции со цел да го покријат недостатокот на реформи во земјата.

Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостатокот на реформи, нарушувањето на човечките права и неспремноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат. Бугарија ќе продолжи да работи со сите институции во Брисел, со нашите европски партнери така што решенијата за Македонија да не се засноваат на лобирање кое ги прикрива недостатокот од реформи и непочитувањето на правата – истакна Радев од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…