Радиоактивни зрачења од Чернобил: Има опасност за цела Европа, тврди украинската нуклеарна агенција

t

По преземањето на контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил, денеска украинската нуклеарна агенција и Министерството за внатрешни работи објавија дека бележат зголемено ниво на радијација на локацијата на затворената нуклеарна централа во Чернобил.

Експертите од државната нуклеарна агенција не дадоа точни нивоа на радијација, но рекоа дека промената се должи на движењето на тешката воена опрема во таа област, која крева радиоактивна прашина во воздухот.


„Радијацијата почнува да расте. Засега тоа не е критично за Киев, но ние го следиме“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ситуацијата е сериозна во зоната Чернобил. Сега регистрираме зголемено гама зрачење. Не знам што се случува. Има складиште за нуклеарен отпад. Ова е опасност за цела Европа“, рече Александаровиќ во утринската програма на Телевизија Курир.

Русија соопшти дека нивото на радијација во близина на електраната е нормално и дека персоналот продолжува да ги следи нивоата на радиоактивност. Тие издадоа и соопштение во кое тврдат дека руските војници ја држат нуклеарната централа Чернобил со цел да ја „заштитат“. По преземањето на контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил, денеска украинската нуклеарна агенција и Министерството за внатрешни работи објавија дека бележат зголемено ниво на радијација на локацијата на затворената нуклеарна централа во Чернобил.

Експертите од државната нуклеарна агенција не дадоа точни нивоа на радијација, но рекоа дека промената се должи на движењето на тешката воена опрема во таа област, која крева радиоактивна прашина во воздухот.

„Радијацијата почнува да расте. Засега тоа не е критично за Киев, но ние го следиме“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ситуацијата е сериозна во зоната Чернобил. Сега регистрираме зголемено гама зрачење. Не знам што се случува. Има складиште за нуклеарен отпад. Ова е опасност за цела Европа“, рече Александаровиќ во утринската програма на Телевизија Курир.

Русија соопшти дека нивото на радијација во близина на електраната е нормално и дека персоналот продолжува да ги следи нивоата на радиоактивност. Тие издадоа и соопштение во кое тврдат дека руските војници ја држат нуклеарната централа Чернобил со цел да ја „заштитат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин во разговор со Макрон и Шолц,…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со францускиот…

CNN: САД ќе испрати во Украина ракетни…

Според извори на телевизијата, администрацијата е расположена…

(Видео) Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол

Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол, изјави…

Украинската проруска црква се одвои и прогласи…

Украинската православна црква Московски Патријархат, ги прекина…

Украина го спречи обвинетиот Порошенко да учествува…

– Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се…