Објавено на:

Разговор Бегај-Османи: Албанија ја поздравува одлуката на Косово за одложување на мерките

t

Албанскиот претседател Бајрам Бегај остварил телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи, откако со загриженост ги следел последните случувања во северниот дел на Косово, објавија од кабинетото на Бегај.

„Во разговорот со косовската колешка, претседателот ја поздрави одмерената одлука што косовските власти ја донесоа во тесна соработка и координација со меѓународните партнери, за одложување на спроведувањето на одлуката за реципроцитет со Србија, за претходно договорените прашања“, стои во објавата.

Тој оценил дека со одлуката е избегната сериозна провокација за стабилноста на Косово, особено во „оваа ситуација оптоварена со големи закани и многубројни ризици, за мирот и безбедноста на нашиот регион по руската агресија во Украина“.

Додал дека Косово е веќе неповратна политичка реалност, која придонесува за мирот и стабилноста во регионот и неговиот суверенитет останува неприкосновен.

Посочил дека се придружува на повикот на НАТО сојузниците и меѓународните партнери за продолжување на дијалогот со посредство на Европската унија, за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Само преку конструктивен и интензивен дијалог ќе може соодветно да се решат сите отворени прашања меѓу Косово и Србија. Албанија ќе продолжи да придонесува со сите свои можности и капацитети за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, како и силно да го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија“, нагласил Бегај во телефонскиот разговор со Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко нив: Ковачевски го предлага Фрчковски да…

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање како…

Европратеници: Нема ЕУ за Србија ако не…

Дел од пратениците во Европскиот парламент сметаат…

Врие и во Албанија: Опозицијата обвини дека…

Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета,…

Нашите проблеми ги решивме: Македонија е подготвена…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Србија нема да ги прифати резултатите од…

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави…