Објавено на:

Разговор Ердоган – Нинисто: Финска ќе преземе обврски за безбедноста на НАТО сојузниците

t

Финскиот претседател Саули Ниинисто во телефонски разговор со неговиот турски колега Таип Ердоган изјавил дека Хелсинки ќе преземе обврски за безбедноста на сојузниците во НАТО, пренесува турскиот информативен портал Сондакика.


Претходно „Фајненшл тајмс“ напиша дека Турција го блокирала почетокот на процесот на разгледување на апликацијата за влез на Финска и Шведска во НАТО.


Ердоган рече дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да верува во нивните гаранции за односите со претставниците на Работничката партија на Курдистан, забранети во Турција.

Доколку Турција се согласи, НАТО, според Ердоган, „нема да биде безбедносна организација, туку ќе стане место каде што ќе има многу претставници на терористите“. Земјите не можат да бидат прифатени во сојуз без едногласна согласност од сите нејзини членки.


„Претседателот на Финска во преговорите со Ердоган рече дека Хелсинки ќе преземе обврски за безбедноста на сојузниците во НАТО“, пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турците се пофалија: “Бајрактар” успешно лансираше ракета…

Ударното беспилотно летало (БПЛА) на турското производство…

Ердоган: Ќе ја направам турската војска број…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека…

Белгија одобри членство на Финска и Шведска…

Советот на министри на Белгија официјално го…

Турција и Русија ги поврзуваат заеднички проекти,…

Турција и Русија ги поврзува соработка, Анкара…

Џабе се израдуваа: Турскиот парламент нема да…

Турскиот парламент нема да размислува за одобрување…