Објавено на:

Разоткриена мистеријата: Психолошка анализа на детето убиец; Вистината позади маската на „малиот генијалец“: Mорбиден детаљ причина за убиството без милост и каење!

t

Одличен ученик со многубројни вонучилиштни активности. Гордоста на мама и тато, „малиот генијалец“, како што бил нарекуван. И навистина, начинот на кој момчето убиец го испланирал масовниот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ наведува на мислење дека тој е натпросечно интелигентна личност: Нацртал мапа од училиштето, список на врсници кои се „примарни цели“, молотови коктели…

Прецизно одбрал конкретно оружје од колекцијата на татко му, како и времето на нападот, баш кога неговото одделение VII/2 е најблиску до влезот на училиштето, а училишниот полицаец подалеку. Може ли некој кој не е далеку над просекот, кој не е „злобен гениј“ да го направи сето тоа на само 13 години?

Извор на „Блиц“ близок до истрагата вели дека не е сè како што изгледа на прв поглед. Тој изјавил шокантно тврдење: „Според сè што досега знаеме, момчето убиец е, всушност, интелектуално просечен!“. „Никаков гениј, како што е наведено. Можно е поради тоа да му пречеле другите во класот, бидејќи морал, на пример, да вложи повеќе труд за да го постигне успехот на дел од неговите жртви или да ги задоволи негоите родители кои, како што знаеме од него барале беспрекорен успех во сè. Може да се каже дека бил спартански воспитуван“, вели изворот за „Блиц“.

Притисок од амбициозни родители: Дали ова е изворот на проблемот?

Како што веќе соопштил „Блиц“, родителите на момчето убиец биле многу горди на својот „мал генијалец“, како што го нарекувале, бидејќи покрај обврските во елитното училиште, тој посетувал и бројни вонучилиштни активности. Зборувал странски јазици, одел во актерска школа, музичко училиште, победувал на градски натпревари, бил одличен ученик.

Дали толку притисокот од хиперамбициозните родители оставил трагични последици врз психата на детето убиец?
Ова го поткрепила неодамнешната изјава на Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“. Зиројевиќ изјавила дека, според она што можела да го слушне од учениците кои го познавале момчето, забележан е неговиот натпреварувачки карактер и дека понекогаш имал кавги со деца кои можеби биле подобри од него на некој час или предмет. „Сега се зборува дека токму тоа е причината и дека никој не го малтретирал од таа смена“, изјавила тогаш Мина Зиројевиќ.

Се претпоставува дека во мозокот нема вродени физички аномалии
Момчето убиец е во изолација на клиниката.Во такви случаеви, иако е тешко овој случај да се спореди со бил кој друг, обично има тројца експерти во тимот за набљудување.

Изворот на „Блиц“ вели дека протоколот е да се спроведе цела палета експертиза и дополнителна дијагностика, како на пример, „лаички“ кажано, анализа на структурата на централниот нервен систем преку скенер. Сепак, се претпоставува дека момчето немало вродени физички аномалии. Досега од сигурни извори се дознало дека момчето убиец не покажувало никакво каење. Бил ладен и мирен, не барал да контактира со никого, ниту пак оо интересирале родителите. Единствените две негови прашања биле: „Кога ќе излезам“ и „Каков одек има она што го направив“?

Mистеријата позади суперегото на момчето убиец: Отсуство на вина и каење

Врз основа на овие информации, експертите цврсто се убедени дека момчето убиец поради некоја причина нема формирано важна компонента на личноста, таканареченото суперего. Според теоријата на Сигмунд Фројд, основачот на психоанализата, суперегото е етичка компонента на нечија личност, која на поединецот му дава морални стадарди врз основа на кои тој се однесува. Суперегото се развива главно во текот на првите 5 години од животот на детето, како реакциај на родителското казнување или одобрување. Притоа, детето ги апсорбира моралните вредности на своите родители, традициите на семејството и општеството во кое расте и во него се формира суперего кое ја контролира агресијата и другите општествено непожелни импулси. Кога детето има соодветно развиено суперего, тоа чувствува вина или вознемиреност кога ги прекршува етичките кодекси, поставени од неговото суперего и има потреба да се искупи за своите грешки. Ништо од тоа не било забележано кај момчето убиец. Тој не се чувствувал виновен и згора на тоа, со нетрпение го чекал моментот кога ќе биде пуштен од клиниката, а мислел дека тоа требало да се случи во секој миг. Не му биле давани ниту седативи, бидејќи ниле мирен. Не му биле потребни. „Нема емоции, освен за себеси и своите потреби“, додал изворот на „Блиц“.

Можност за повторување на делото: Висок ризик во иднина

Изворот на „Блиц“ навел дека сето ова укажувало на огромен ризик момчето убиец повторно да го направи истото или слично кривично дело, доколку се најде во можност. „Никој не може да го исклучи тој огромен ризик“, изјавил соговорникот упатен во случајот.

Последици и потенцијална терапија: Каква иднина го очекува детето убиец?

Засега не се знае точно каква терапија ќе му биде дадена на момчето убиец, ниту пак каде долгорочно ќе биде сместен, но сигурно е дека таа одлука нема да биде донесена деновиве. Постојат неколку опции, а единствено сигурно е дека ниту една од нив не вклучува враќање во училиште. Соговорникот на „Блиц“ вели дека момчето убиец не може да оди во затвор, бидејќи масакрот го извршил на само 13 години и кривично не е одговорен. Но, може да му биде одредена медицинска мерка на лекување во некоја од специјализираните здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…