Ракометарите ќе „се омрсат” ако се пласираат во втора фаза на СП!
Ракометната репрезентација на Македонија доби дополнителна мотивација за што подобар резултат на Светското првенство во Полска и во Шведска.
Ракометната федерација ќе им додели премија од минимум 30.000, а најмногу 60.000 евра, во зависност од резултатите во првата фаза.
Пласман во вториот круг со еден добиен натпревар ќе значи премија од 30.000 евра, две победи ќе им донесат 45.000, а три победи и прво место во групата би донеле 60.000 евра.
Македонија игра во група со Норвешка, Холандија и со Аргентина на 13, 15 и 17 јануари, соодветно. Експедицијата ќе патува за Краков со чартер-лет, утре во 11.30.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…