Рама за договорот Вучиќ-Курти: Да се надеваме дека ова не е уште една балканска измама

Албанскиот премиер Еди Рама во врска со вчерашниот договор на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ, изрази надеж дека нема да биде „уште една балканска измама“.
Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама! Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И, искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на охридската трпеза, посакувајќи наскоро договорот да се претвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската унија“, напиша Рама на Твитер.
Во спротивно, како што оценува, договорот би бил „историско достигнување што ќе ја најави долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми народи на Балканот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија најави најголема изложба на оружје и…
Минисерството за одбрана на Србија ќе организира…
Да не се повтори: На денешен ден…
На денешен ден пред 24 години почнаа…
Шок од косовски политичар: Во европскиот план…
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Голем удар за Србија: Блинкен вели пет…
Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека…