Објавено на:

Рама: Огромно задоволство да се испие кафе во Охрид за добредојде

t

Албанскиот премиер Еди Рама изрази задоволство што попладнево испил кафе за добредојде во Охрид.

Тој објави и фотографија од средбата со црногорскиот колега Дритан Абазовиќ и американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил.

Во објавата не го крие и задоволството што „од денес и официјално Црна Гора влегува во Отворен Балкан“ и додава дека Хил одамна е пријател на Албанија и голем поддржувач на Отворен Балкан.

– Огромно задоволство да се испие кафе во Охрид за добредојде. Задоволството го споделив заедно со премиерот Дритан Абазовиќ, кој денеска и официјално ја вклучи Црна Гора во Отворен Балкан и со амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, кој одамна е пријател на Албанија и Албанците и голем поддржувач на Отворен Балкан, пишува Рама.

Црна Гора за првпат учествува на средба на иницијативата „Отворен Балкан“, за што Абазовиќ беше критикуван од дел од јавноста во неговата земја, по потврдата дека ќе учествува во Охрид на осмата средба на оваа иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Ова е неприфатливо, ја повикувам Русија…

„Ова е неприфатливо и ја повикувам Русија…

„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со македонска…

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист…

Преку 30 луѓе кои земале плата, а…

Новата директорка на ЈП „Комунална Хигиена“ -…

Петковиќ: Изјавите на Курти дека ЗСО никогаш…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија…

АИ: Жал ни е, но стоиме на…

Организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“ (Amnesty…