Објавено на:

Рама се налути: Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Македонија и Бугарија

t

Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.

– Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќорсокакот меѓу нашиот сосед, Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е -како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа, рече меѓу другото Рама во своето обраќање.


Истакна дека Европа е во секој план на Албанија и е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја”.

– Целта на Албанија е да ја промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби, порача Рама.

На Конференцијата учествува и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се сретна со Санду: Со Молдавија…

Володимир Зеленски се сретна со молдавската претседателка…

Се сруши зграда во Будимпешта, има и…

Четворица минувачи се повредени денеска во Будимпешта…

Ќе му платат милијарди ако победи: Сопственикот…

Украинскиот милијардер Ринат Ахметов поднесе тужба против…

Најнови вести: За 130% поскапа струја за…

130% поскапа струја ќе плаќаат најголемите потрошувачи…

Европски аналитичари: Бугарија се изживува со Македонија…

Битолчанецот Божидар Бижиновски накратко на неговиот Фејсбук…