Објавено на:

Рама: Тие што го критикуваат предлог-статутот за ЗСО без да знаат што содржи, се плашат да не го загубат непријателот

t

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките добиени за нацрт-статутот предложен од него за формирање на Заедницата на српски општини.

Преку објава на „Твитер“, Рама оценува дека “оние кои критикуваат се плашат да не го загубат непријателот што им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови”.

Додава дека војната завршила во 1999 година и дека непријателот бил поразен.

-Оние кои критикуваат и обвинуваат без да знаат што содржи предлог-статутот за ЗСО се плашат само од едно: да не го изгубат непријателот кој им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови, иако војната заврши во 1999 година и непријателот е поразен, напиша Рама.

Премиерот Рама пред два дена објави дека на францускиот претседателот Макрон и на германскиот канцелар Шолц им доставил нацрт за Заедницата на српските општини, за што ги информирал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и американската страна.

Рама тогаш изјави дека „создавањето асоцијација на српски општини на Косово е клучот за конечно да се отвори вратата за меѓународна афирмација на Република Косово и нејзино признавање од сите, членство во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија“.

Тој вчера изјави дека Предлог-статутот за ЗСО е “придонес на Албанија како братска држава со Косово”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДА ГО СМЕНЕВТЕ ЗАКОНОТ НАСИЛНИКОТ ЌЕ БЕШЕ…

Во врска со видео записот кој беше…

Владата ќе ги оценува вестите во медиумите!…

Зли јазици ќе кажат дека е обид…

Таравари: Четворица од пациентите кои се лекуваат…

Во моментот, во Скопје се лекуваат 24…

71-годишен возач удрил во 80-годишен пешак, со…

На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското…

„Кој е следен?“ на 29 март пред…

Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…