Рамо до рамо со Македонија: И Албанија ќе го брани суверенитетот и интегритетот на Украина

t

Албанскиот претседател Илир Мета го прими украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров со кого разговарале главно за ситуацијата околу Украина.

Изразивме заедничката загриженост околу заканата од можна руска агресија врз пријателска Украина, што е флагрантно кршење на меѓународното право, истакна Мета.

Тој додаде дека амбасадорот го информирал, а тој ги поздравил напорите на неговата земја за решавање на недоразбирањата преку преговори и на мирен начин, вклучително и во мултилатерални формати.

Потврдив дека Албанија и како земја членка на НАТО и како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации е на страната на Украина во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, наведува Мета во објавата по средбата со украинскиот амбасадор во Тирана.

Претходно, Мета изјави дека Албанија ја споделува загриженоста со сите партнери во НАТО за „заканата од руска агресија во врска со пријателска, независна и суверена Украина”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денков се правда: Бугарските ракети во Украина…

Бугарскиот премиер, Николај Денков, се правда за…

Медведчук: Украина е претворена во држава самоубиец!

Украина, како резултат на уништувањето на државноста…

Да не биде Украина втор дел?! Русија…

Руската федерална служба за воено-техничка соработка ја…

НАТО: Најдобар пат до траен мир е…

Најдобар пат кон траен мир е зголемување…

САД ѝ сржаа на Украина: Спроведете реформи,…

Американските власти ѝ дадоа на Украина список…