Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата

t

Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.

Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи, рекол Марфи.

Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот.

Петков информираше само за енергетската поддршка, ниту збор за политиката кон Македонија. Но, предходно во интервју за романска национална телевизија рече дека ако опстане неговата влада тие се решени дека иднината на Македонија и Албанија е во ЕУ, бидејќи тоа е добро за регионот, но проблемите треба да се решат.

Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада „исчезне“. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ-иднината на Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме. Ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина, рече Кирил Петков.

Пред неформална вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел повтори дека иднината на Западен Балкан е внатре во ЕУ.

Сакам да нагласам дека е потребно тие да останат обединети. Да се преземат неопходните заеднички чекори за безбедна, стабилна и просперитетна ЕУ. Тоа е во наш заеднички интерес. Тоа е најдобриот начин за градење иднина на Западниот Балкан, бидејќи иднината на Западен Балкан, е внатре во ЕУ, и тоа е многу силна причина за да се одржи оваа средба денеска, истакн високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

И додека САД во секоја прилика повторуваат дека Македонија и Албанија веќе во јуни треба да ги започнат преговорите за члнество во ЕУ, францускиот претседател Макрон повика да се формира европска политичка заедница за соработка со земјите чие членсво во ЕУ не е реално во блиска иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ангелов: Јас би го уапсил Џамбаски…

Во денешната епизода на Тешки муабети, Стојанче…

Драма во Брза помош во Кратово: Агресивно…

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43)…

(Видео) Момче и девојка осудени на 10…

Иранската модна блогерка Астијаж Хакики (21) и…

ПРОТЕСТИ ЈА ТРЕСАТ ФРАНЦИЈА: Повеќе од 500.000…

Околу 87.000 луѓе се собраа денеска во…

ВО НОВИОТ МЕСЕЦ НИ ДОАЃА И СНЕГОТ…

Во следните денови ќе се задржи студено…