Расте бројот на загинати во земјотресот во Еквадор: Многу заробени под урнатините

Гиљермо Ласо, претседателот на Еквадор соопшти дека најмалку 12 лица загинале во силниот земјотрес што денеска ја погоди земјата.
Медиумите пренесоа дека едно лице загинало во градот Куенка и три во крајбрежната држава Ел Оро. Информациите велат дека многу луѓе се заробени под урнатините.
Во земјотресот оштетени се куќи и згради, а бројни граѓани во паника излегоа на улиците и не сакаат да се вратат во своите живеалишта.
Властите наредија затворање на три тунели низ кои поминуваат за возила.
Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот со јачина од 6,8 степени се случил во крајбрежниот регион Гвајас, околу 80 километри јужно од Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор, пренесе АП.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погодил брегот на Еквадор, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Земјотресот во Еквадор снимен за време…
Камерите на локална телевизија го снимија земјотресот…
Расте бројот на загинати во земјотресот во…
Гиљермо Ласо, претседателот на Еквадор соопшти дека…
(ВИДЕО) Шест луѓе меѓу кои и едно…
Шест луѓе меѓу кои и едно дете…
(Видео) Снимки од земјотресот во Еквадор: Луѓето…
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според…
Силен земјотрес го погоди Еквадор
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според…