Расте мал шенген: На Самитот на „Отворен Балкан“ во јуни во земјава ќе бидат поканети и Црна Гора, БиХ и Косово

t

„Отворен Балкан“ има политика на постојано отворена врата за земјите од регионот. Ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит, бидејќи „Отворен Балкан“ носи само придобивки за народите од Западен Балкан и ги европеизира државите, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање каков е коментарот на Владата на изјавата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ дека ја поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Арсовски најави дека на Самитот на оваа иницијатива што ќе се одржи во јуни во земјава, ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово.

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ја поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, посочувајќи дека таа е создадена да опфати шест земји од Западен Балкан.

– „Отворен Балкан“ е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја, рече Абазовиќ во интервјуто.

Властите во Подгорица и Приштина претходно одбиваа да учествуваат во „Отворен Балкан“, додека во Босна и Херцеговина не беше постигнат консензус за приклучување кон иницијативата, која ги опфаќа Србија, Албанија и Македонија.

Оваа иницијатива предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласачките ливчиња за изборите на 20 август…

ДИК ги усвои измените на финансискиот план,…

До крајот на неделата се очекува разрешница…

Нема простор за паника, бидејќи не се…

Штипјани реагираат на бучава од мотоцикли, надлежните…

\Група малолетници со своите мотоцикли низ штипските…

Фатен дрвокрадец во Ресенско

Полициски службеници од полициската станица Ресен и…

Русија ги обвинува ЕУ, Полска, Украина и…

Испораките на рускиот гас до Европската Унија…