Раул Ромева: ЕУ да биде спремна за „внатрешно проширување“ со „нациите кои немаат свои држави“

Водечкиот кандидат на Европската слободна алијанса (ЕФА) за изборите за членови на Европскиот парламент во јуни идната година, Раул Ромева ја повика ЕУ да биде подготвена за можно „внатрешно проширување“ преку прием во членство на земјите кои би настанале со прогласување независност на „нациите кои немаат свои држави“, а кои сега се дел од членки на Унијата.
– Сакаме да видиме како ЕУ ги обединува сите народи во Европа како рамноправни. Тоа вклучува проширување со нашите соседи од Балканот и други места, но значи и внатрешно проширување. Мора директно да се слушне гласот на нациите во Европа, изјави Ромева на Конгресот на ЕФА, откако беше избран за кокандидат на оваа политичка групација за иден претседател на Европската комисија заедно со Мајлис Росберг од партијата на данското малцинство во Германија, Асоцијацијата на гласачите од Јужен Шлезвиг (ССВ).
Ромева, кој доаѓа од каталонската сепаратистичка партија Републиканска левица на Каталонија (ЕРЦ), ја повика ЕУ да дејствува како „посредник“ доколку во блиска иднина „сегашните нации без држави ја остварат својата независност“ и сакаат да станат нови земји членки на Унијата.
– Сегашните договори (на ЕУ) не предвидуваат таква ситуација и затоа мораме да ги дизајнираме основните принципи на европскиот одговори, истакна Ровера, кому во Шпанија му е забрането да извршува јавни функции до 2030 година, врз основа на пресудата поради обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.
Европската слободна алијанса (ЕФА) е политичка групација која обединува малцински и регионални партии од Европа, кои се залагаат или за целосна политичка независност и отцепување или за некоја форма на автономија или самоуправа за нивната област или регион. Меѓу членките на ЕФА се и партиите на Македонците во Бугарија и во Грција, ОМО „Илинден“ – ПИРИН и Виножито. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…