Регистрирани се 240 реинфекции, а едно лице се зарaзило по трет пат, девет од починaтите лица се целосно вакцинирани

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19
Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.
Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 01.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…
Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…
Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…
Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…
За влез и излез во Македонија се…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со…
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години…
“РТС”: Северна Македонија, друштва на мртви цареви
Двајца поранешни бугарски императори и соработници на…