Објавено на:

Регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во Полска

t

Полска потврди дека го регистрирала првиот случај на мајмунски сипаници, јави денеска агенцијата ПАП, цитирајќи го министерот за здравство Адам Ниџиелски.

Според Светската здравствена организација (СЗО), досега се пријавени повеќе од 1.000 случаи на мајмунски сипаници надвор од африканските земји, каде што болеста е почеста, пренесува Ројтерс.

Случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници одеднаш се откриени во повеќе од 20 земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и речиси десетина други земји од ЕУ.

Португалија, пак, регистрирала 74 случаи, соопштија вчера здравствените власти на земјата, додавајќи дека сите инфекции се откриени кај мажи, главно на возраст под 40 години.

Во Грција е откриен прв случај на кај еден патник, покажуваат резултатите од првичните тестови, соопшти Националната здравствена служба.

Пациентот кој неодамна отпатувал за Португалија е во болница и е во стабилна состојба, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од единството во ЕУ – Моравјецки:…

Париз и Берлин ја водат ЕУ во…

Полска размислува да го ограничи пристапот до…

Полска разгледува планови да го следи примерот…

Полска е против предлогот за задолжителни заштеди…

Полска е против предлогот на ЕУ за…

Оградата ќе спречи напад? Полска ја заврши…

Полска ја заврши изградбата на 187 километри…

Повод за денацификација: Бајден планира да го…

Американскиот претседател Џо Бајден планира да најави…