РЕЗИЛ: Министерката оддава почит на четворица, а не на осум загинати во масакрот кај Вејце – Не знае колку загинати имало во крвавиот настан или другите не се важни?

t

Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден – 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во касарната ,,Илинден“ во Скопје, спомнуваме за жртвата на припадниците на Армијата и на припадниците од составот на МВР, што нѐ обврзува да си ја сакаме и чуваме татковината. Да се грижиме за нивните семејства и колеги, за сите припадници на безбедносните сили, како што тие се грижат за нас, пишува Петровска.

Споменот нѐ учи заедно и единствени да ја градиме иднината, во мир и соживот. Слава им и вечен спомен!, објави на Фејбук министерката за одбрана Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РЕЗИЛ: Министерката оддава почит на четворица, а…

Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…